Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац вели дека позицијата на Бошњаците во оваа држава е апсолутно решено, дел од преамбулата на Уставот и практично може да ги уживаат сите права кои се гарантираат со Уставот, но дека имаат проблеми во примената во користењето на тие права. Сепак, факт е, вели тој, дека Бошњаците како заедница се етаблирани во сите сфери на општеството.
На прашањето како е чувството да се живее во Македонија, и да се биде дел од едно малцинство кое е признато и да гледа како главната мнозинска заедница во земјата е негирана, Бишевац вели:
-Мислам дека тука Бошњаците, што ме чуди и жалам заради тоа, не го гледаат клучниот сенс. Ако дозволите некому да му чини неправда, молчите за тоа, на извесен начин, дел од таа заедница е и дел од групацијата кое го прави практично тоа дејствие, доаѓате во ситуација утре да немате право да кажете збор за почитувањето на вашите праваа, вели Бишевац.