Македонија 22. февруари 2019. / 21:47

(ВИДЕО) Бејли одговара на 50 прашања пред заминување

(ВИДЕО) Бејли одговара на 50 прашања пред заминување

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој наскоро го завршува својот мандат во земјава, откри дури 50. работи кои му се допаѓале и ги правел додека бил во Скопје.

Вели дека најмногу ќе му недостасуваат луѓето, но не и загадениот воздух. Вели дека немал влијание врз сите работи во земјава како што некои зборуваат, но кога би имал би сакал да има помалку ѓубре на улиците.

Најинтересна личност која ја запознал тука вели е режисерот Милчо Манчевски.