Македонија 15. јануари 2021. / 19:59

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да има над 32% албанско население

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да има над 32% албанско население

Пописот што го подготвува СДСМ и ДУИ ќе биде попис единствено на две партии, а не попис на сите граѓани и Република Македонија како статистичка операција, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ, изјави Арсовски.

Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките кои што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението, вели тој.

Затоа, веќе пописот не е статистика, туку е гола политика и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство.Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон, изјави Арсовски