Ексамбасадорот во ОБСЕ и аналитичар Арсим Зеколи зборува за двојните стандарди на власта која додека беше во опозиција снимаше и го поддржуваше снимањето на гласачите на локалните избори во 2013 година.
Зеколи на својот Твитер профил денеска се осврна на осудите околу сликањето и снимањето на оние кои излегоа да гласаат на референдум.
Тој потсетува дека гласачите од Пустец исто
така беа снимани и фотографирани.
-Некогаш снимањето и сликањто беше ок…напиша Зеколи, кој беше противник на владата на Груевски а сега е жесток критичар на владеењето на Заев.