Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција побара продолжување на кризната состојба.
– Откако ќе го прифатиме нацрт-договорот – ние како главен штаб ќе донесеме одлука за ангажман на приватните здравствени установи за поддршка на јавното здравство, изјави Стојанче Ангелов од ЦУК.
Вели дека немало потреба од паника бидејќи болеста е под контрола, без разлика на тоа што бројките биле релативно високи. Владата побара продолжување на кризна состојба до 30 јуни 2021 та.