Македонија 18. април 2018. / 22:49

(ВИДЕО) Александар Николоски го избриша подот со Бујар Османи

(ВИДЕО) Александар Николоски го избриша подот со Бујар Османи

Вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи во очајно издание вечерва на ТВ Телма во емисијата „Топ тема – на ваша страна“, каде што беше апсолутно поразен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Османи во емисијата не успеа да одговори на обвинувањата дадени од Николоски и единствените две оправдувања му беа дека кај ВМРО-ДПМНЕ има некаква омраза кон Албанците и дека владата добила позитивни коментари од Хан и Могерини: Ние повеќе нема да дозволиме ДУИ своите грешки да ги покрива со ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да биде црн ѓавол меѓу Албанците, му порача Николоски на Османи.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Албанците од Македонија се понапредни од сите Албанци во регионот и дека е поразително тоа што поради политиките на Владата и Бујар Османи, Македонија е ставена во ист кош со Албанија, па Бујар Османи мора да одработува за неговиот Албански колега Бушати и Македонија да доцни со планот 3-6-9 за Албанија да биде шампион во Европските Интеграции.

-Извештајот каснеше два дена затоа што некои членки како Франција имаа против препораката за датум за преговори на Албанија. На крај договорот беше или двете земји да добијат препорака или ниту една. Затоа и Албанија доби препорака. – рече Николоски.

Вицепремиерот, не успеа да одговори која е потребата од толкаво славје за препораката, ако се знае дека истата препорака Македонија ја добива од 2009 година па наваму.

Османи во повеќе од  наврати се обидуваше да се извади дека имало позитивни изјави од еврокомесарот за проширување Јоханес Хам и комесарката за надворешни работи Федерика Могерини дале позитивни изјави за реформите, на што му беше одговорено дека тоа е само за да се охрабри владата за да го смени името и нема никаква врска со реалните реформи.

Клучно на овој пат кон Европската унија е граѓаните да живеат подобро, рече Николоски. Но дали е така?

-Дека во извештајот има критики и дека Европската комисија констатира дека „има клучни слабости во економијата“, како „недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија, високи стапки на невработеност, фискална политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација, ниски стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите…“, – рече Николоски кој арументираше со факти.

Тој посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд ги намали очекувањата за стапката на раст од 3,2 проценти на 2, 8 отсто. Потенцираше и дека потрошувачката е намалена за една четвртина.

Николоски се осврна и на индустриското производство или конкретни сектои како на пример градежништвото.

-Има пад на вкупните одобренија за градба. Значи работници од градежниот сектор кои се меѓу ранливите социјални категории остануваат без работа. Но, има пад на индустриското производство во сите сектори, рече Николоски.

Според Николоски, планот 3-6-9 е само добар пи-ар на владата а во пракса не функцунира, затоа што Владата како реформи прикажува тековна работа на Министерствата и верувале или не, потпишување на меморандуми. Тој во очи на Османи му ги извади сите факти околу немањето на реформи во судството, партиските вработување, зголемувањето на стапката на криминал итн.

Од друга страна, во текот на целата емисија, Османи беше ставен во ситуација да се брани. Според него, чистата препорака од Европската комисија до Советот за започнување на преговори е валоризација за направеното во овој период, меѓутоа тоа што е најважно е дека Македонија е друга држава после помалку од една година.

– Денеска е ден на сите граѓани на Република Македонија, денеска е европски ден на Македонија. Самиот факт што денеска имаме тројца еврокомесари и шест премиери од регионот кажува дека Македонија станува позитивната приказна во регионот и во ЕУ, рече Османи.

Според Николоски пак, добро е што Македонија доби позитивен извештај од Европската комисја бидејќи тоа е патот кон кој чекориме. Она што ми пречи е очигледно организирана маркетиншка и пи-ар кампања зошто од 2009 година добавме препорака и секогаш Грција на состанок на Советот на ЕУ ставала вето, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Телма.

Според него има разлика дали во Извештајот се користи или има „дали ќе има прогрес“ или како што е во извештајов најчесто користен збор „одреден напредок“.

-Или кажано со оценки како што рече и министерот за надворешни работи Димитров, владата се претствавува дека добива петки, а добива двојки, посочи Николоски.

На прашањето дали е песимист или оптимист во контекст на прашањето а името, Николоски рече:

-Ние не сме членка на ЕУ само заради Грција и целиот процес на каснење е зошто Грција ги користеше сите начини да го блокира патот на Македонија кон ЕУ.

Ваквото тврдење го прифати и Османи, кој исто така кажа дека Македонија има препорака од 2009 и од тогаш ги исполнува сите услови за влез во ЕУ.

РЕДАКЦИСКИ КОМЕНТАР НА LIDER.COM.MK