Ахмети порача, сите, односно опозицијата, да ги ставиме државните интереси пред партиските.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, негира дека на лидерските средби барал измени на Кривичниот законик со кои би се намалиле казните за злоупотреба на службената должност. Тој исто така рече дека по неколкучасовни разговори, власта се согласила на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека е неопходно носење нов закон за финансирање на политичките партии и формирање техничка влада по пржинскиот концепт, услови што опозицијата ги имаше на изборите во декември во 2016.
Премиерот Зоран Заев изјави дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за т.н. пржинска влада.