Македонија 06. јуни 2020. / 18:47

(ВИДЕО) Ахмети: Да се обединиме, како што бевме обединети во ОНА за време на војната

(ВИДЕО) Ахмети: Да се обединиме, како што бевме обединети во ОНА за време на војната

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните мрежи, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец премиер на земјава.

Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е за Албанец премиер“, порача Ахмети.