Македонија 08. декември 2018. / 21:13

(ВИДЕО) Аерозагадувањето руши рекорди: Власта ја обвинува опозицијата!

(ВИДЕО) Аерозагадувањето руши рекорди: Власта ја обвинува опозицијата!

Аерозагадувањето во земјава се чини никако да се стави под контрола. Социјалните мрежи вријат од коментари на темата, здруженијата реагираат институционално, а граѓаните постојано објавуваат фотографии од загадувачите индустриските гиганти, кои ги посочуваат како еден од главните виновници за високото ниво на штетните ПМ10 честички. – анализира 1 тв.

Нивната концентрација, утрово во Скопје на места се искачуваше дури четири пати над просекот, а најголемото загадување, било регистрирано околу ректоратот. Бројките не се променија значително ниту во текот на денот, а Кавадарци го собори рекордот.

-Има решение за тоа. Откривање на виновниците и нивно казнување. Можеби само така ќе им дојде паметот. Инаку, нема спас од нивната непромисленост. Тие и понатаму ќе не трујат и полека ќе не убиваат. Во градот и понатаму се палат сомнителни материи на отворено, при загревање на домовите се користат недозволени средства, а автомобилите се возат дури и за на кафе, во локали оддалечени на само неколку метри – реагираа од групата Еко- аларм.

Оваа можност не ја пропушти опозицијата да испрати соопштение преку кое на власта директно и ја префрлија вината за смртните предизвикани од енормното загадување.

-Годишно повеќе од илјада луѓе се директна жртва на неспособноста на власта. Повеќе од илјада граѓани се жртви на аерозагадувањето. Македонија за жал е прва во Европа само по аерозагадувањето, а 3 од 10-те најзагадени градови на континентот се наоѓаат токму во Македонија – обвини ВМРО- ДПМНЕ.

Секако, реплицираше и владеачката СДСМ, од каде пак велат дека состојбата со загадувањето е директен резултат на сомнителното владеење на ВМРО- ДПМНЕ. За СДСМ, опозицијата е виновна за закадувањето.

-Цели 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето. Исто толку време, преку погубните криминални политики системски влијаеше на уништување на зеленилото и загрозување на животната средина- – одговорија од СДСМ.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера на прес во Владата им соопшти препораки на граѓаните како да се заштитат од високите концентрации на штетните воздушни честички. Прашан за конкретни мерки, одговори дека препораките се единственото нешто за што е надлежен неговиот ресор, додека пак портпаролот на Владата одговори дека справувањето со овој проблем е еден од приоритетите за кој веќе се преземени мерки. Сепак, нивото на ПМ10 честички не оди во прилог на овие изјави.