Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Букурешт ќе учествува на неформалниот министерски состанок на државите кандидати за членство во ЕУ, заедно со министри и државни секретари за европски прашања од земјите-членки на Европската унија.
Секретаријатот за европски прашања соопшти дека тема на состанокот ќе бидат перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, како значен дел во создавањето на европската иднина.
Состанокот се одржува во рамките на Романското претседателство, како генерална подготовка пред големиот Самит посветен на иднината на Европа кој ќе се одржи во Сибиу, Романија на 9 мај.