Македонија 04. јули 2020. / 17:44

Вице Заев: Заеви се чесни и вредни Македонци, лага е дека сме наредувале палење на автомобили

Вице Заев: Заеви се чесни и вредни Македонци, лага е дека сме наредувале палење на автомобили

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци. Откако во објавените аудиo снимки Вице Заев се посочува како лице кое дава зелено светло за палење автомобили.

Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев.