Македонија 02. декември 2020. / 14:26

Ви се закануваат дека ќе ве разрешат, затоа се плашите, ѝ рече Боки на судијката

Ви се закануваат дека ќе ве разрешат, затоа се плашите, ѝ рече Боки на судијката
архива

Судијката Софче Ефремова Гаврилова го отстрани од денешното рочиште првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“. Тој ѝ рече дека има закани за нејзино разрешување и затоа така се однесувала.

Ви претат дека ќе ве разрешат. Тоа ви го прават и затоа се плашите кога ќе се спомемне политика. Ја кажувам вистината, нема никаква тенденција, изјави Бојан Јовановски. 

По ова судијката нареди тој да биде отстранет од судницата, а судењето продолжи со читање на СМС пораки на Боки најчесто со Александар Кирацовски.