Македонија 07. февруари 2019. / 12:19

Весна Бејби до пратениците: Срам да ви е! Немате право да си ги вработувате децата

Весна Бејби до пратениците: Срам да ви е! Немате право да си ги вработувате децата

Весна Бејби Петрушевска, распали по функционерите, откако Лидер вчера објави дека пратеничката Емилија Александрова си ја вработи својата ќерка во Фондот за инвации и технолошки развој. Исто така и пратеникот Горан Мисовски си го вработи синот во Агенцијата за супервизија на осигурување.

Овие и уште многу други примери предизикуваат остри реакции кај граѓаните, бидејќи со тоа се нарушува меритократскиот принцип.

Весна Бејби им одржа лекција на таквите функционери кои си ги вработуваат децата во државни институции.

– Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии.Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам….посебни во вашата алчност и недоветност!Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.
Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи!
Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини! – напиша Весна на Фејсбук.