Македонија 25. април 2018. / 15:47

Вештачењето во случајот Тенк го вршел вештак кој е партиски опонент на обвинетите

Вештачењето во случајот Тенк го вршел вештак кој е партиски опонент на обвинетите

Пред судскиот совет во кривичен во случајот Тенк даде изјава и сведокот вештак Тале Герамитчиевски, редовен професор на Техничкиот факултет и раководител на машинскиот оддел. Покрај овие ангажмани, сведокот бил и висок функционер ангажиран во владата на РМ од страна на политичка партија и во 2002 пратеник во Собранието.

Судијата Кацарска, усвојувајќи го приговорот на обвинителот Стефчо Донев, не дозволи сведокот да каже преку која партија сведокот ги добивал тие државни вработувања и ангажмани во владата на РМ. Според ЈО партиската поврзаност на вештакот е ирелевантна, бидејќи важна била неговата стручност.

Исто така судијата го прифати и приговорот на ЈО, сведокот да не одговори на прашањето од одбраната – кој бил управителот на фирмата за вештачење ЕОС Консалтинг АД Рим од Италија.