Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во својство на сведок дојде во Кривичниот суд каде ќе сведочи во предметот „Таргет-Тврдина”.
Ова е прво рочиште за овој предмет откако редовното обвинителство ги презеде предметите од СЈО.
Како обвинител овластен од Љубомир Јовески се појави Артан Ајро, кој го водеше овој предмет и во СЈО, а по прекинот на мандатот таму беше вратен во ОЈО Скопје.Претходното рочиште беше одложено бидејќи судот беше известен оти немало уредна достава за Верушевски.
Во „Таргет – Тврдина“ освен Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ.
Според обвинителниот акт, тие преку три системи за следење на комуникации на УБК, од 2008 до 2015 година незаконски прислушкувале 4.286 телефонски броеви за кои немале судски наредби.