Македонија 10. април 2018. / 14:00

Вероника Томова прв директор на ОМД за Македонија

Вероника Томова прв директор на ОМД за Македонија

Обединетата македонска дијаспора ја назначи Вероника Томова за прв директор за Македонија. Таа ќе работи во Скопје и ќе биде задолжена за шест земји од регионот: Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Македонија и Србија.

Според претседателот на ОМД Стојан Николов, одлуката на организацијата да ја прошири дејноста во Македонија е многу значајна не само од организациски аспект, туку има и своја симболика. – Тоа покажува дека ОМД инвестира во иднината на нашата татковина и работи на унапредување на соработката и на врските со владата, цивилното општество и локалните заедници, вели Николов.