Македонија 05. декември 2019. / 13:53

Венецијанската комисија денеска ќе дебатира за законот за јазиците

Венецијанската комисија денеска ќе дебатира за законот за јазиците

Венецијанската комисија попладнево околу 15 часот треба дебатира за македонскиот закон за јазиците. На барање на Владата, нејзиниот одговор беше пролонгиран на два месеца, а нејзините ставови пред правните експерти треба да ги брани вицепремиерот Бујар Османи.

Извештајот на Венецијанската комисија изобилуваше со низа укажувања, што можат да се сведат на скап и недоволен државен и институционален капацитет за негово спроведување.

Вицепремиерот Бујар Османи треба да се подготви за разочарување ако се надева дека во дебатата може нешто суштински да промени, пишува expres.mk. Според порталот, член на Комисијата, кој инсистирал на анонимност, смета дека Османи е наивен ако мисли дека може да даде соодветни аргументи со кои драматично ќе се смени првичниот став на Венецијанската комисија за законот за јазиците во интерес на некоја влада, партија или етничка група.

-Венецијанската комисија е составена од врвни експерти за право чии ставови не зависат од ставови и политики на влади, држави или министри. Секој обид на членовите да им се наметне нешто од позиција на моќ ќе биде катастрофален за тој што ќе го стори тоа, вели за expres.mk изворот кој очекува Османи како вицепремиер за Евроинтеграции да ги знае овие работи и да не помислува да врши притисок.