Македонија 24. август 2019. / 20:34

Величковски со поддршка за новинарите: Свиркачите и новинарите што истражуваат се позитивци, а не негативци

Величковски со поддршка за новинарите: Свиркачите и новинарите што истражуваат се позитивци, а не негативци

Влегувањето во последната фаза на Владата пред заминување започна. „Новитетите“ на СДСМ не дадоа имиџ на освежување, туку на победа на внатре-владиното бизнис-лоби контра реал-програмските приоритети од 2016. , naпишува Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова република.

Обидот на Заев падот да се ублажи со закани кон новинарите ќе доживее ист дебакл како и обидите на Груевски пред да добие “технички” наследник. Едноставно е – посочените дека знаеле за “Рекет” најавуваат тужби, а посочените дека преземале мерки да се истражи “Рекет” – молчат. И со тоа заклучокот е јасен. Барањето на американската амбасада е само следствена порака од писмото на Бејли од 18 декември 2018 и ставот на Палмер од 2 август. “Ако не можеш по магарето, удри по самарот” веќе не минува.Свиркачите и новинарите што истражуваат и информираат без искривување на реалноста се позитивци, а не негативци.Тоа што важеше во 2015, важи и денес и ќе важи и во 2025. На жалење на Заев, СДСМ и нивните медиумски мегафони и пи-арџии. И на секој што ќе сака да продолжи со таква “политика”, напиша Величковски.