Македонија 16. мај 2019. / 17:56

Величковски: Случајот “Павле Богоевски” потврдува дека прислушкувањето продолжува!

Величковски: Случајот “Павле Богоевски” потврдува дека прислушкувањето продолжува!

Поранешниот потпретседател на ЛП и иницијатор на Движењето за Нова Република, напиша Фејсбук статус за пратеникот Богоевски и прислушкувањето.

Со случајот “Павле Богоевски”, се постигнати 4 ефекти:
– пратеникот Богоевски е дискредитиран;
– претседателот на Мандатно-имунитетската комисија Богоевски, која ќе одлучува за мандатот на Груевски и самиот нејзин состав е дискредитиран(а);
– Шарената револуција од каде тој потекнува е додискредитирана;
– По втор пат (со аудио-запис) станува јасно дека и натаму се прислушкува и по 27 април 2017, а за цело тоа време министерот (и до 2017 заменски) е ист.
Заклучок: Реформи на службите? Владеење на правото? Ма #Оставкабре , напиша Величковски на Фејсбук.