Македонија 21. март 2019. / 15:09

Величковски: Одлуката за книгата на Андов е погрешна – сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада

Величковски: Одлуката за книгата на Андов е погрешна – сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада

Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Фрчкоски поради наводната повреда на личните права на тужителот, Љубомир Фрчкоски.

Ивон Величковски од Либералната партија, со свој став за оваа тема:

Без да навлегувам во конечната пресуда по тужбата: Легалистички? До завршување на судскиот спор – погрешно. Политички? Сосем погрешно. Сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада. Можеби ќе им стане јасно и на оние што се надеваат дека “наведната глава сабјата не ја сече”, напиша Величковски на Фејсбук.