Македонија 26. мај 2020. / 15:36

Велес петти ден без новозаболени

Велес петти ден без новозаболени

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Велес во изминатите 24 часа нема ново регистрирани заболени од Ковид -19, а со тоа во Велес петти ден нема регистрирано ново заболени од 21-ви мај кога беа 127,од кои денеска активни се 40.

Денеска од Инфективното одделение на болницата е испишан еден оздравен пациент, а на ова одделение денеска има 18 пациенти сите со позитивен тест на Ковид-19. Една жена на околу 60 години во потешка здравствена состојба од Инфективното одделение на велешката Општа болница денеска е препратена на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Весна Неделковска Николова.

Од  Министерството за здравство денеска информираа дека на Инфективната клиника во Скопје почина пациентка од Велес на 78 годишна возраст хоспитализирана на 14 мај.