Македонија 04. ноември 2019. / 21:58

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија

Предмалку во 20 часот и 56 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 km западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар, ивестуваат од  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.