Денеска гостин во „Утро со Златев“ беше Стефан Василевски, доктор по општа медицина кој има широки познавања и во областа на политиката. Тој е неколку кратен стипендист на најголемите светски самити во полето на здравството организирани од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и слично. Тој зборуваше околу ризикот од вакцините.
– Дали да се вакцинирам или не? Во двете сценарија ќе се соочиме со 2 вида на ризик:
1.Да се вакцинираме и да „ризикуваме“ несакани ефекти од вакцини кои се скоро и непостоечки.
Дури и тие „несакани ефекти“ се минорни и едно големо ништо во споредба со симптомите на тешко заболување од кинескиот коронавирус.
2.Да ризикуваме заболување со сите несакани и останати можни ризици и сценарија.Едно е јасно, нема опција 3. Сите ќе го прележиме вирусот порано или подоцна. Одберете мудро., вели Василевски на денешното гостување.
Целото интервју на Василевски може да го погледнете тука.