Македонија 25. јануари 2021. / 21:44

Василевска: Заев бескрупулозно работи на создавање капитал за него, додека граѓани да остануваат на улица

Василевска: Заев бескрупулозно работи на создавање капитал за него, додека граѓани да остануваат на улица

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади Бурек” на Тв Сонце, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, која се осврна на лошите владини политики, како и на насилните измени во македонската историја и идентитет.

Василевска истакна дека е крајно разочарана од работата на Владата. Таа исто така додаде дека она што се случува во Владата од страна на министрите на СДСМ и оние нивни коалициони министри е срамно и понижувачки за македонскиот народ, бидејќи освен лични материјални зделки, ништо друго не се случува на национален план или за подобрување на животот на граѓаните на државата.

Сите слушнавме како Зоран Заев се договарал со Бојко Борисов за бизнисите кои му ги ветувал во замена за поддршка, но од сето тоа најверојатно вистина е само дека Зоран Заев дал државни бизниси на туѓ премиер, а за возврат добил вето. Тука најголемиот губитник е Република Македонија, а не Зоран Заев, бидејќи тој не се коцка со неговите приватни бизниси, туку со судбините и иднината на граѓаните на Република Македонија, додаде Василевска.

Според неа неколку години наназад сведочиме на една кампања која е платена од фондации низ Европа за, како што рече, урнисување на општеството кое што функционираше далеку подобро од ова до 2016-та година, но потоа, додава Василевска, се уверивме дека голем број на припадници на СДСМ, па дури и на ВМРО-ДПМНЕ кои партијата ја користеле како извор на богатење, учествувале во т.н шарени со цел да ја ништожат државата, тоа е крајно некоректно и недржавнички.

Според Василевска, Зоран Заев е човекот кој бескрупулозно и врз грбот на граѓаните работи на создавање капитал за него и неговото семејство, додека свесно секојдневно остава македонски граѓани да остануваат на улица без работа и без парче леб.

Тоа не доликува на премиер, ниту на човек кој работи со љубов за својата земја, туку на предавник на кој земјата не му е света, заврши Василевска.