Македонија 21. декември 2020. / 19:40

Василевска: Власта имаше повеќе желба да се занимава со националното достоинство отколку со пописот

Василевска: Власта имаше повеќе желба да се занимава со националното достоинство отколку со пописот

Пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа, истакна дека она што е спорно и што го кажале како став на опозицијата е пописот на резидентното население.

„Она што треба да го знае јавноста е дека веќе премногу доцна, се поминати роковоите“ – вели Василевска.

Таа потенцираше дека требало порано да се случат обуките на лицата кои го спроведуваат, да се случат набавките, да се изнивелираат одредени членови во законот, за да има успешен попис како што апелирал и Држаниот завод за статистика.

Истата таа пописна операција е значајна за проектирање за наредните 10 години.

„Власта имаше повеќе желба да се занимава со распродавање на националното достоинство и нивните бизниси како владејачки клан. А ова се постави откако ќе се постават нивните приоритети“, рече Василевска.