Македонија 11. јануари 2021. / 22:04

Василевска: Пред очи гледаме како ни се распаѓа државата, неопходно е сенародно обединување

Василевска: Пред очи гледаме како ни се распаѓа државата, неопходно е сенародно обединување

Некој сака да биде вака хаотично, за да може да се истера агендата на обезличување и трансформирање на политичкиот систем, изјави професорката Иванка Василевска во емисијата Филибастер на Радио Лидер, во однос на новите барања од Бугарија.

Во Собранието нема конкретен ред, се злоупотребува европското знаменце, се на се еден огромен хаос. Пред очи гледаме како ни се распаѓа државата и не треба да не чуди, бидејќи неопходно е сенародно и се граѓанско обеднување, ако сакаме да сториме нешто во тој погледОваа ненародна и хибридна власт предводена од Зоран Заев и неговите послушници спроведува агенди кои  не можат да се дозволат во нормално и цивилизирано општество. Нека не не чуди нетранспарентноста за Договорот со Бугарија, како и за Преспанскиот договор, изјави Василевска.

Не е случајно ова прашање, предводница е Преспанскиот договор, на него е надоврзан Бугарскиот договор. Што значи оо ова прашање имало консенсензус и тие се договориле. ПОсле огромниот удар пред две години, Бугарскиот договор изгледаше малку по бенигно, јас и тогаш  укажував дека Договорот со Бугарија ќе биде смртоносен за македонизмот. За ништо нема да бидат транспарентни, во спротивно не би биле тие луѓе, со многу сериозен криминал што го носат зад себе., вели таа.

Станува збор за една надворешна агенда, која е оддамна планирана, неуспешна беше во 2008 та , бидејќи тогашната влада предводена од Груевски не дозоли да се случи било какво поместување, но сега  и овде гледаме дека се глатко си поминува и на брза лента.  Ова е нешто што во оваа декада треба да се затвори според нив и едниствениот стожер е опоцизијата, изјави Василевска

Мицкоски пред повеќе од два месеци кажа дека според информациите од бугарска страна дека вило ветено дека се ќе  биде исполнето и се ветени големи финансиски трансакции.  Се гледа насилно бришење на македонскиот идентитет.  Зоран Заев е неук човек, нема знаење, нема длабочина и е лесно да манипулирате со него, затоа е одбран и инсталиран на таа функција, изјави Василевска.