Македонија 01. март 2021. / 19:45

Василевска: Ова не е попис, туку политички договор меѓу Заев и Ахмети!

Василевска: Ова не е попис, туку политички договор меѓу Заев и Ахмети!

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа говореше за најавениот попис, додавајќи дека добиле подршка од над 100 000 граѓани кои застанале зад нивниот предлог за поништување на законското решение за спроведување на пописот.

„Ова не е попис на резидентно население, ова не е реално статистички попис кој треба да ни донесе проекција за следните 10 години, ова е политички договор меѓу Заев и Ахмети, кој треба да донесе одреден бенефит меѓу коалиционите партнери.“ – рече Василевска.