Македонија 12. март 2019. / 23:18

Васев: Политиката му пресуди на Чавков, уште пред судот да донесе пресуда!?

Васев: Политиката му пресуди на Чавков, уште пред судот да донесе пресуда!?

Политиката му пресуди на Чавков, уште пред судот да донесе пресуда!?Притворањето на Чавков, денес е доказ за незрела демократија! Како што кажа професорот Кајалџиев во неговото гостување за една национална телевизија, притворот за Чавков уште пред да биде изречена пресудата е преседан невиден за правото.

Човекот кој единствено си ја извршуваше службената должност и со своето делување спречи посериозни последици сега се најде зад решетки уште не осуден, а луѓето кои го овозможија делото (пратениците кои ги отворија вратите) се на слобода, со помош на политичка амнестија.

Доколку одиме само по правото, илузорно е да продолжи самиот процес, но очигледно не одиме? Оттука се поставува логичното прашање кому му треба ваква закрвеност во општеството и кон каде не води истото како држава. Двојните аршини и политички прогон, не се и не можат фа бидат решение за ништо. Најмалку за просперитет. Но, да се вратиме на темата.

Дали притворањето на Чавков, дилема која ја поставува и професорот Калајџиев, навестува дека Чавков е веќе осуден, уште пред судот да ја изрече пресудата? И дали ова не води кон уште подлабоки омрази и нови поделби?

Светислав Васев