Македонија 07. февруари 2020. / 18:43

Вархелји ги урна надежите на власта за добивање датум за преговори во март

Вархелји ги урна надежите на власта за добивање датум за преговори во март

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји од Подгорица каде што се наоѓа на западнобалканската турнеја најави дека Македонија не треба да се надева на датум за преговори во март.

Иако СДСМ очекуваше датум пред изборите, а вицепремиерот Османи ја обвини ЕУ дека недавање датум пред избори ќе значи мешање во изборните резултати односно поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Верхелји вели дека самитот во Загреб во мај, а не тој во март е клучниот момент кога може да се направи исчекор.

Со оваа Европска комисија проширувањето со Западниот Балкан е назад меѓу приоритетите. Новата методологија е еден елемент од работата но ЕУ самитот за Западен Балкан во Загреб во мај за кој подготвуваме економски план исто така ќе биде клучот – напиша Еврокомесарот за проширување.