Македонија 27. февруари 2020. / 20:21

Вархеји порачува дека преговорите со Македонија и Албанија може да се отворат за неколку недели

Вархеји порачува дека преговорите со Македонија и Албанија може да се отворат за неколку недели

Eврокомесарот за проширување, Оливер Вархелји, од Прага порача дека Европската Унија може да отвори преговори со Македонија и Албанија за неколку недели, затоа што двете држави направиле напредок во нивните подготовки за членство.

Еврокомесарот посоќчи дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната недела, е охрабрувачки.

Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки – изјави Вархелји по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.

Вархелји истакна дека се надева оти со извештајот ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, поради што самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Македонија и Албанија.