Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во интервју за „Јуроп Вестерн Балканс“ вели дека пандемијата со Ковид-19 не го отфрли планот за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија, туку напротив, амбицијата и решеноста на ЕУ е пандемијата може да се победи само со глобално дејствување и со работа со партнерите.
Во тој контекст, еврокомесарот рече оти комисијата во втората половина на март презеде конкретни мерки за да обезбеди поддршка на сите партнери во регионот Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија и оти мерките опфаќаат поддршка за итни потреби, како и закрепнување на економијата, а финансиски сега тие се неспоредливи со 3,3 милијарди евра грантови и заеми.
– Оваа солидарност не заврши тука: со оглед на нејзината европска перспектива, ЕУ го третира Западен Балкан како привилегиран партнер со тоа што им овозможува пристап до многу иницијативи и инструменти за земјите-членки, вели Вархеј, потсетувајќи на некои од нив, како поканата владите да се приклучат на договорот за набавка на ЕУ на медицинска опрема, олеснување на транспортот и друго.
Вархеј уверува дека че го поддржат економското закрепнување на регионот што истовремено ќе ги приближи партнерите поблизу до ЕУ.
-Наспроти сите очекувања, пандемијата ги зацементира односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Во мај, хрватската престолнина Загреб требаше да биде домаќин на самитот на ЕУ-ЗБ, каде лидерите, меѓу другото, требаше да го одобрат економскиот и инвестициски план за регионот. Овој план е една од трите низи на новиот пристап што ЕК го разви за регионот, за да ги надополни првите два: ревидираната методологија за проширување на ЕУ, што Комисијата ја изнесе во февруари за да го врати кредибилитетот на една од најважните политики на ЕУ и одлуката за отворање пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, одобрена од лидерите на ЕУ во март, заедно со ревидираната методологија, пишува Вархеји.
Тој порачува дека заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе излеземе од неа посилни.
-Пандемијата со Ковид-19 јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Направивме важни чекори оваа година и покрај пандемијата и треба да продолжиме да градиме врз нив за вистински обединет европски континент, заклучува еврокомесарот за проширување.