На овој луѓе му умираат од пнеумонии и ковид-19, ама затоа до џоинтот му дошло! Ќе си умрам!, напиша професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил за изјавата на министерот за здравство Венко Филипче кој во емисијата „360“ на Алсат кажа дека извозот на канабис ќе донесе бенефит и за пациентите.
Еве, Мила веднаш нека воведе и слободна консумација и едукација за добрите страни на марихуаната во „општествени науки, и особено во граѓанско образование – бидеји НАТО и џоинт одат ептен добро во комбинација“, додава таа.
На овој луѓе му умираат од пнеумонии и ковид-19, ама затоа до џоинтот му дошло! Ќе си умрам! Еве, Мила веднаш нека…
Posted by Biljana Vankovska on Saturday, December 26, 2020
Ванковска вели дека нема ништо против декриминализација на некои нешта што и се туѓи, ама кога, како што велеи, политичари среде ковид-19 и сиромаштија навиваат за вакви небулози и се раѓа гнев зошто тоа го прават од личен интерес.