Македонија 01. октомври 2018. / 09:57

Ванхауте до Владата: Не губете време на нови предвремени избори

Ванхауте до Владата: Не губете време на нови предвремени избори

Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте на ФБ им честиташе на граѓаните кои гласаа на референдумот. Тој и порачува на Владата да не дава оставка и, како што вели, една изгубена битка не значи дека се е изгубено.

„Ја повикувам Владата да не дава оставка, туку да продолжи со својата работа, тоа е вашата должност! Не губете време и пари на предвремени избори повторно, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата држава“, порачува тој.

Тој додава дека е возможно прифатливо решение за проблемот со името, базирано на договорот со Грција.

Ванхауте изразува и жалење што од 2016 година не се направени сериозни напори за детален преглед на избирачкиот список и преиспитување на начинот како да се справи државата со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.