Македонија 06. ноември 2020. / 15:46

Вакцинацијата против сезонски грип почнува во вторник

Вакцинацијата против сезонски грип почнува во вторник

Сите вакцини против сезонски грип стигнаа и вакцинацијата ќе започне од вторник, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За време на викендот, посочи, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје.