Македонија 27. март 2020. / 11:02

Вакцинацијата на децата во сите поликлиники се одвива од 12 до 18 часот

Вакцинацијата на децата во сите поликлиники се одвива од 12 до 18 часот

Поради актуелната состојба со корона вирусот, вакциналните пунктови во сите поликлиники во рамки на Здравствен Дом – Скопје, работат од 12 до 18 часот.

Како што објавија на Фејсбук од Здравствен дом Скопје, вакцинацијата на децата се одвива непречено според календарот за имунизација.