Седницата на собраниската Комисија за здравство, на чиј дневен ред требаше да биде Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во прво читање, е одложена на барање на министерот за здравство Венко Филипче, информираат од собраниските служби.
Од таму посочуваат дека Комисијата ќе одржи седница во среда (5 февруари).
Во рамки на таа седница е закажана јавна расправа по истата точка.