Македонија 10. април 2018. / 10:02

Ужас: На Клиниката за гинекологија во Скопје за три месеци починале 35 новороденчиња

Ужас: На Клиниката за гинекологија во Скопје за три месеци починале 35 новороденчиња

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и годинава ништо не се менува – во првите три месеци од годинава починати се 35 новороденчиња.

И министерот за здравство и директорката на клиниката ветуваа дека работите ќе се сменат, дека ќе бидат преземени строги мерки за надминување на овој сериозен проблем, но засега ништо.

„Недостапноста на родилиштата и несоодветната и ненавремена здравствена грижа на родилките е главна причина за нивната смртност, а најголем процент од починатите бебиња е поради нивната мала родилна тежина и предвремено раѓање. Во краткорочните мерки се подготвени упатства за следење на ризичните состојби во текот на бременоста, како и клинички упатства за постапување при сепса, проблеми со коагулацијата на крвта во текот на бременоста и за време на породувањето, упатства за постапување при покачен притисок кај мајката комбиниран со високо ниво на протеини во крвта“, изјави пред два месеци министерот Филипче.

Најчестите причини за зголемената смртност на новороденчињата се недозреани бели дробови и сепса, ниска родилна тежина, но и нестручноста на дел од лекарите, инфекциите и предвремените породувања.