Околу 264 здравствени работници се вакцинирани до утринава до 10.30 часот, од кои само во текот на вчерашниот ден имало 202-ца. Вакцинацијата и денеска се одвива непречено во модуларната болница во Скопје, пренесуваат Телма.
Први со вакцината на „Фајзер“ вчера беа вакцинирани докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести, а потоа следеше и вакцинација на другите од таа јавна здравствена установа. 70 отсот од здравствените работници сакаат да се вакцинираат против ковид.
Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е рано да се опуштиме, бидејќи половина од новите дијагностицирани се заболени со британскиот сој на коронавирусот, кој е полесно пренослив.