Македонија 01. ноември 2018. / 20:07

Утре во Собранието ќе бидат доставени владините амандмани за промена на Уставот

Утре во Собранието ќе бидат доставени владините амандмани за промена на Уставот

Вечерва заврши последната средба меѓу независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев. На неа начелно била договорена содржината на нацрт-амандманите кои ги побара осумте веќе исклучени пратеници на ВМРО како предуслов да ги поддржат промените во Уставот кога ќе дојде финалното гласање, евентуално веќе во јануари.

Барањата на осумте пратеници се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името Северна Македонија за внатрешна употреба, следејќи го процесот за членство во ЕУ, но и механизам за поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт, ако Грција не си ги исполни своите обврски.