Македонија 29. јули 2018. / 15:48

Утре се решава судбината на референдумот

Утре се решава судбината на референдумот

Во пресрет на утрешниот ден кога во Собранието се очекува да биде распишан референдумот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за Канал 5 вели дека нема поместувања во договорањето со власта околу референдумското прашање. Според Николовски  тоа треба да биде кристално јасно за да нема забуна кај  граѓаните.

Николовски вели дека  доколку не успее референдумот власта треба да си понесе одговност. Најавува дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го препреговара договорот со Грција и  ќе издејствува подобар договор со кој нема да има промена на Уставот.

Канал 5 веќе објави дека собраниското мнозинство  ја подготви одлуката за распишување на референдумот, и дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не учествува – референдумското прашање најверојатно ќе биде  дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Инаку според законот, референдум на државно ниво распишува Собранието и тоа по сопствена иницијатива и по предлог на најмалку 150 илјади граѓани. Предлогот за распишување референдум на државно ниво со образложение се поднесува до претседателот на Собранието, кој е должен во рок од 30 дена од поднесувњето на предлогот да донесе одлука за распишување на референдум. Одлуката потоа се објавува во Службен весник и други средства за јавно инфоемирање. Од денот на објавувањето до одржувањето на референдумот не можат да поминат помалку од 60, ниту повеќе од 90 дена.