Македонија 11. август 2019. / 18:26

Утре продолжува судењето за „Титаник“ каде обвинител е Лиле Стефанова

Утре продолжува судењето за „Титаник“ каде обвинител е Лиле Стефанова

СЈО се враќа во судница утре, заврши судската ферија и утре е закажано рочиште за предметот „Титаник“, за кое како надлежен обвинител се јавува и обвинителката Лиле Стефанова, која е обвинител и во предметот „Империја“ кој е во средиштето на скандалот рекет.

Токму Лиле Стефанова е повикана во Обвинителство во вторник да даде исказ откако ја обвини шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева дека барала предметот да се зтавори и осомничените да не одат во затвор. Дали и како аферата „Рекет“ ќе влијае на предметите и обвиненијата на СЈО, допрва ќе се види.