Утре почнува судењето за случајот „Рекет“. На обвинителна клупа седнуваат Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец. Според обвинението на Вилма Русковска, тројцата побарале 8 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев за да го спасат од прогон за перење пари. Успеале да изнудат 1,5 милиони евра.
Јанева и Кичеец утре во СУД ќе дојдат од домашен притвор. Боки 13 по неколку дена во болница денеска е вратен во притвор. Апелација треба да одлучи да ќе има поблаги мерки за него. Претходно Обвинителството даде негативно мислење, ќелијата во Шутка Боки 13, да ја замени со куќен притвор.
„Рекет“ не е единствен случај во кој е вмешан Јовановски. Тој е осомничен и за измами во невладината Меѓународен сојуз.
Катица Јанева пак, во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое ја гони ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, пренесоа денеска медиумите, повикувајќи се на одбраната на Јанева.