Македонија 07. мај 2019. / 14:53

Утре нова средба на преговарачките тимови за Законот за јавно обвинителство

Утре нова средба на преговарачките тимови за Законот за јавно обвинителство

Утре преговарачките тимови на власта и опозицијата ќе одржат средба за новиот Закон за јавно обвинитeлство, најави Зоран Заев.

Тимот од владеачката коалиција го предводи министерката за правда, Рената Дескоска, додека, пак, тимот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиновски.

Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката за правда дека се слушнала со лидерот на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и дека утре ќе има средба. Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што јас и господинот Мицкоски веќе го испративме како пораки, што го сметам за напредок – рече Заев, нагласувајќи дека роковите истекуваат и треба да се фатат.