Не успеаа преговорите на СОНК со Министерството за Образование, околу покачување на платата на просветните работници за 25 отсто.
Од СОНК најавија дека утре ќе биде одржан предупредувачки штрајк.
Од синдикатот информираат дека наставниците и професорите во основните и средните училишта утре ќе се појават на работа, но нема да одржуваат настава.
Синдикатот ги повика да се приклучат кон штрајкот и оние кои не се членови на синдикатот.
Од СОНК изразија незадоволство од покачувањето од 5 проценти на нивните плати и бараат да добијат повисоки плати за 25 отсто.
Од 2006-та наваму неколку пати имало обиди за штрајк, но сите пропаднале поради притисоците од тогашната власт.
Платите беа замрзнати речиси 12 години, а за прв пат наставниците зголемување добија лани во време на владата на Зоран Заев, а втор пат ќе добијат оваа година и тоа повторно од пет отсто.
Од министерството за образование испратија повик до директорите и наставниците во училиштата да ја почнат школската година утре.