До утре треба да биде изготвен текстот на нацрт уставните амандмани во кои како што изјави премиерот Заев ќе бидат инкорпорирани поголемиот дел од предлозите на осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои гласаа за почеток на уставни измени.
Во нацрт амандманите ќе биде ставена гаранцијата за идентитетот на македонскиот народ, односно трите основи што го детерминираат-културата, историското наследство и јазикот, потврди денеска министерката Дескоска.
Владата најави дека во преамбулата при наведувањето на државно-правните традиции ќе се именуваат конкретните документи на АСНОМ и ќе се внесе повикување на прогласот од првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание со неговите конститутивни одлуки. Дескоска вели дека се разговара со Грција околу конкртетизирање на актите на АСНОМ, поточно на делот од манифестот каде се повикува на национална борба во соседните држави, во тој аспект воведувањето на прогласот до македонскиот народ за одлуките на АСНОМ.
Сериозноста на моментот е зошто се прават уставните измени само во делот на преспанскиот договор, рече Десксока , иако како што изјави има многу прашања кои во уставот се недоволно регулирани, ветото на претседателот, или пак исклучување на министерот за правда од судскиот совет.
И министреката за правда изјави дека амнестија за 27 април не смее да има.
За помирувањето, таа рече дека тоа би бил некаков процес на разговори, преку формирање тело во собранието, чиј состав се уште не е дефиниран ниту во моментов е познато како тоа би се формирало.