Македонија 14. јули 2020. / 17:47

Утре е неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

Утре е неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

Утре е неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите и тој нема да се одработува, соопшти денеска владината прес-служба.

Од владата додаваат, дека оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

Според законот за работни односи и општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, појаснуваат од владата.