Со маски на лицието , на дистанца, поделени во групи со скратени часови- вакви се протоколите кои ги изработија здравствените власти за основците од прво до трето одд – а денеска добија зелено светло на владината седница.
А, манадатарот Зоран Заев изјави дека учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври. Претходно, пак доскорешниот министерот за образование Арбр Адеми кажа дека 15 сепемтември е датумот кога ќе старува школската година.
Но, за да може да се организира новата учебна година во ек на ковид пандемија потребни се законски измени на законот за средно и оној за основно образование, затоа што со нив се одредува колку ќе траат часовите, дистанца помеѓу клупите во една училна, старт на учебната година онлајн. Од МОН за Телма велат дека законските измени се уште не се поминати на Влада и дека се усогласуваат со владиниот секретаријат за законодавство.
За сега познато е само дека основците од четврто до деветто оделние ќе следат онлајн настава, а најмладите ќе седнат во училишните клупи. Сепак, надлежните уште еднаш повторија дека повторија надлежните се зависи од епидемиолошката состојба.