Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да бидат на минималец, односно и понатаму ќе продолжат да земаат целосна плата, бидејќи Уставниот суд пред малку ги поништи Уредбите на Владата, дознава „Фокус“.
Набрзо се очекува Уставниот суд и официјално да ја образложи својата одлука за поништување на Уредбите.
На денешната седница е донесена одлука и за поништување на Уредбата со која се предвидуваше исплата на платите на вработените во СЈО, а се поништи и кратењето на додатоци и надоместоци за плата на вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.