Македонија 15. април 2020. / 12:55

Уставниот суд oдлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд oдлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија.

Од Уставниот суд информират дека денеска на седница по обемна расправа по предметот на крајот со мнозинство гласови е одлучено да не се поведе постапка за оценка на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Иницијативата е поднесена од Светскиот македонски конгрес.