Македонија 12. декември 2019. / 15:53

Уставниот суд ја прифатил иницијативата на Левица за оценување на уставноста за Законот за јазици

Уставниот суд ја прифатил иницијативата на Левица за оценување на уставноста за Законот за јазици

Уставниот суд ја прифатил иницијативата за оценување на уставноста за Законот за јазици објави проф.Димитар Апасиев на Фејсбук.

Левица смета дека Законот е донесен со грубо кршење на сите деловнички процедури во Собранието на РМ и истиот е објавен без потпис од Претседателот на РМ. Понатаму, овој закон е плод на партиските пазарења помеѓу двата криминални партнери од власта СДСМ и ДУИ. Европското знаменце безобразно е искористено каде што не му е местото, само за да во корен се сосече било каква суштинска и јавна расправа

Во образложението на судот се наведува дека ја прифатиле иницијативата, но не стои кога и дали ќе ја стават на дневен ред.